Нема начин во оваа фаза да се каже „да“ за почетокот на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, изјави бугарската министрска за надворешни работи. Екатерина Захариева, нагласувајќи дека Бугарија не ги оспорува јазикот и современиот идентитет на населението.
– Ние ја изразивме нашата позиција многу јасно. Сега тоа е видливо во јавноста. Уште минатата година, Владата достави декларација до парламентот, која беше поддржана од сите партии. Значи, нашиот став за Македонија не е нов, како што тврдат некои. Мислам дека имаме обединување на оваа тема – рече министероката за „БТВ“.
Таа посочи дека е во интерес на Бугарија сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ.
– Во моментов, Бугарија не е во можност да ја одобри рамката за преговори со Северна Македонија. Постои Договор за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година и ратификуван во 2018 година, но тој не се спроведува – рече Захариева.
Таа повтори дека и покрај шпекулациите во Македонија, Бугарија нема претензии за тоа како да се определуваат граѓаните на оваа република, но и Македонците не треба да имаат претензии за бугарската историја.