Премиерот на владата на Македонија, Зоран Заев во разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов изразил благодарност за одлуката Македонија да добие вакцина против коронавирус од Бугарија. На тој начин Македонија ќе добие вакцини во исто време како и сите други држави од ЕУ.
–После одлуката за донации на вакцини, изразив благодарност лично до премиерот Борисов, до Владата на Бугарија и до бугарскиот народ за солидарниот и хуман гест и исклучителен чин на пријателство кон македонскиот народ и кон сите граѓани на Северна Македонија. Во благодарноста на премиерот Борисов му пренесов дека донирањето на дел од вакцините кои ги набави бугарската влада е многу важно и доаѓа во исклучително тешки времиња на силен бран на коронавирусот со кој се соочуваат двата народи, двете држави и целиот свет, напиша Заев на својот фејсбук профил.
Србија е прва држава во регионот која обезбеди вакцини против коронавирус. Србија набави руска вакцина „Спутник V“ и британска вакцина „Фајзер“ а граѓаните на Србија ќе имаат можност да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против коронавирус.