Премиерот Зоран Заев истакна дека Македонија ја има првата блокада од Бугарија, откако бил прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија, на денешниот состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР.
Заев, одговарајќи на новинарско прашање, посочи и дека блокадата не значи оти шансите за добивање зелено светло за преговарачката рамка се изгубени, бидејќи следуваат уште два состанока на амбасадорско ниво, по што ќе следи министерскиот состанок (ГАК) на 17 ноември.
Премиерот потсети дека следниот состанок на Заедничката комисија е закажан за 5 декември, а идната година следуваат уште пет состаноци.