Германскиот парламент, Бундестагот, изгласа закон за забрана на пластични кеси на мало од 2022 година, со тоа што тенки пластични кеси за пакување овошје и зеленчук сепак да бидат дозволени.
Забраната се однесува на пластични кеси со дебелина од 15 до 50 микрометри, кои се стандардни во малопродажбатата.
– Пластичната кеса е синоним за непотребно трошење на ресурси – рече германската министерка за животна средина. Таа рече дека платнените вреќи, корпи и пластични кутии кои можат да се користат повеќепати се „добра алтернатива“ на пластичните кеси.