Комисијата за заразни болести од 15 јуни ќе предложи полицискиот час да почнува од еден часот по полноќ и да трае до четири часот изутрина.
Министерот за здравство Венко Филипче, пред неколку дена изјави дека доколку состојбата со коронавирусот продолжи да биде поволна и со намалена преносливост на вирусот можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки.