Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 17, а максималната дневна ќе достигне 22 степени.