Пописот покажува дека во државата од работоспособното население над 15 години имаме повеќе граѓани кои не бараат работа (768 549) отколу што се официјално вработени (608 520 лица)
Во Македонија најголем број од населението е само со средно образование, една четвртина имаат само основно школо – објави ДЗС за Сител.
Во Македонија официјално невработени се 100 000 лица. Најмногу се со средно школо и повеќе од половина се мажи. Пописот покажува дека во државата од работоспособното население над 15 години имаме повеќе граѓани кои не бараат работа (768 549 граѓани) отколу што се официјално вработени (608 520 лица) . Најмногу вработени има во преработувачката индустрија.
Бројот на издржувани лица изнесува 450 766. Според статистика, бројот на лица со попреченост изнесува речиси 100 000 граѓани од кои 1,8 % се деца до 14 години. Интересно е што во државата од вкупно 839 174 станови, 36,6% се празни и не живее никој.
Над 4,1% не успеале да го завршат основното образование, 27,8% имаат само основно, најголем процент 44,1 се со средно.
Додипломски студии имаат завршено 17.3 %, 1.9 имаат магистратура, 0,4 се доктори на науки. Најголем број од нив се градежни инженери 18,7 %, 1,9 се од областа на информатички технологии. Директорот на ДЗС вели бројките се реални и не го изненадуваат. На 77 годишнината од основањето, Симовски вели најголем предизвик и натаму им е потребата за нов стручен кадар.
Директорот на ДЗС вели дека бројките од овој трет сет на податоци пописот се очекувани. Од неписмените граѓани кои се на возраст од над 15 години, тројно повеќе се жени.