Основачите на хрватскиот стартап Magic Forest дошле до идеја да го подобрат пошумувањето на голината со помош на прилагодени дронови, пренесува порталот Mreža.bug.hr.
Целта е да се пошумат површините погодени од пожари, суши, сеча или рударство.
Технологијата што се користи не е нова, но проектот Magic Forest во Хрватска распрснува семе од дрвја во поголеми количини и побрзо отколку што можат другите слични проекти.
–Од беспилотните летала се исфрлаат топчиња со големина на топче за голф, а кога ќе паднат на земја испуштаат состојки за да се создаде поволна микро средина за да се вкорени семките. Освен семки, ставаме и песок, внатре трева, глина и чили, вели авторот на проектот Горан Ладишиќ.
Тој објаснува дека чилито се става за дивите животни да не ги изедат семките.
Летните шумски пожари во Хрватска често се случуваат на тешко достапни места за садење дрвја.