Нивото на инфекција со ковид-19 во Англија се намали за 30 проценти во текот на еден месец национално „затворање“ и вирусот сега се повлекува, според големото истражување објавено во понеделникот, во кое учествуваа повеќе од 100.000 волонтери.
Англија го започна своето второ „затворање“ на 5 ноември со цел да го спречи рапидно растечкото ширење на инфекцијата и да го заштити нејзиниот здравствен систем.
Земјата на тој начин треба да се врати на регионалниот пристап до ограничувањата од 2 декември.
Нивото на инфекција опадна за 30 проценти, на 96 заразени на 10 000 луѓе меѓу 13 и 24 ноември, се привремените резултати од студијата спроведена од научници од Царскиот колеџ во Лондон во соработка со Ипсос Мори.
Последното вакво истражување, спроведено помеѓу 16 октомври и 2 ноември, покажа 130 инфекции на 10 000 луѓе.
–Резултатите покажуваат дека бројот на случаи се зголеми со влегувањето на земјата во блокадата, но следуваше намалување бидејќи националните мерки успешно ги намалија стапките на инфекции низ целата земја, се вели во соопштението.