ВМРО-ДПМНЕ бара отчет од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за досега сработеното.
–Помина повеќе од една година од мандатот на Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје, а граѓаните не видоа ни отчет ни слушнаа објаснување за сработеното во тој период.
Граѓаните на Скопје кои ја дадоа својата поддршка на изборите сакаат да видат на четвртина од мандатот што сработила Арсовска и дали отпочнала реализција на нејзината програма „За модерно Скопје“.
Арсовска ветуваше почист воздух, нови сообраќајници, 5 булевари, кружни текови, паркови, активности за изградба на жичарница од Скопје до Средно Водно, почести и продолжени линии на јавен превоз и многу други проекти кои треба да го модернизираат Скопје.
Сето тоа се очекува и да го реализира, а во првата година барем да има некаков почеток на реализација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.