Според статистиката, само околу 60% од студентите успеваат да дипломираат. Ова, пак, не значи дека останатите 40% ќе си поминат лошо.
Во денешниот свет, високото образование повеќе не е гаранција за успех. Сè почесто слушаме приказни за самоуки претприемачи, без диплома, кои го освојувале светот додека другите полагале испити.
Младите се помалку посветуваат време на образованието. Се прашувате зошто? Прочитајте како Некогаш факултетите беа патот до добра заработка, а денес можат да бидат голема стапица
Во продолжение погледнете ги причините зошто вредноста на високото образование почнува да се намалува:
- Големи трошоци
Неретко, факултетот чини многу пари. Ако сакате да студирате на добар универзитет, откако ќе дипломирате ќе мора да најдете добро платена работа, само за да си ги исплатите долговите. Проблемот е што за ваква работа, ќе ви треба искуство кое сигурно ќе го немате.
Па, многу луѓе одбираат да почнат со работа веднаш после средно. За 4-5 години, овие луѓе веќе имаат доволно искуство за да најдат подобро работно место.
- Многу иноватори немаат диплома
Опра не завршила факултет, а ја започнала нејзината телевизиска кариера на 19 години. Марк Цукерберг, пак, се отпишал од Харвард за да работи на неговиот Facebook проект. Сите знаеме колку далеку стигнале и двајцата.
Образованието можеби нѐ прави добри следбеници – добиваме готови информации и без никакво прашање правиме тестови и полагаме испити. Но оние кои работат, го практикуваат она што студентите го учат и понекогаш стануваат и поуспешни.
- Секој ден се појавуваат нови професии
Знаевте ли дека пред 20 години не постоеле професии како техничар за роботика, нутриционист и слично?
Некои области се развиваат толку брзо, што нема ни време да ги научите на факултет. Еден одличен пример за тоа е онлајн претприемништвото. Високото образование е комплексна институција, која не може да ги следи брзите промени во светот. А, веќе јасно е дека во наредните 20 години, пазарот ќе се измени уште толку, па ќе постојат работни места за кои денес немаме ни име.
- Онлајн учењето е многу поедноставно
Универзитетите нудат генерализирано образование, без разлика на кој факултет сте. Но, денес постојат безброј онлајн курсеви, кои ви помагаат да се фокусирате само на една вештина. А ова, пак, е многу подобро бидејќи ќе станете експерти во некоја област, без да потрошите 4-5 години на учење.
Одличен пример за ова се програмерите. Голем дел од нив се самоуки, а секој знае дека повеќето имаат добра плата. Дел од овие програмери се и Бил Гејтс и Џулијан Асанж, кои веднаш нашле начин да го применат нивното знаење.