Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност претежно претпладне. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и слаб ветер од северозападен правец. Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 5, а максималната ќе достигне 21 степен.
Во сабота утринската температура ќе се спушти под нулата, но максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени. Слично време не очекува и во недела, кога минималната дневна температура ќе ќе биде -2, а максималната ќе достигне 24 степени.