Британскиот премиер, Борис Џонсон, го повикал кабинетот да присуствува на ненадеен состанок во петокот навечер, на кој би се разговарало за тоа како властите да се справат против новата, повирулентна варијанта на коронавирусот, пренесува „Телеграф“.
Нови итни ограничувачки мерки може да бидат објавени уште денеска, а би вклучувале ограничувања на патувањето помеѓу југоистокот на Англија, вклучително и Лондон и остатокот од земјата, пишува весникот.
Портпаролот на премиерот вели дека тој не може да ги коментира наводите на весникот.
Британската влада во понеделникот соопшти дека новиот раст на заразени може делумно да се поврзе со новата варијанта на вирусот.