Вакцината против „Ковид-19“ има позитивен ефект врз менталното здравје на имунизираните Американци, дури и по првата доза, објави Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Истражувањето, финансирано од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, беше спроведено на околу 8.000 Американци.
–Вакцинацијата може да го подобри квалитетот на животот, перформансите на работа, да им овозможи на луѓето да продолжат со вообичаените активности, да станат социјално поактивни, да се вратат во канцеларија или да добијат работа, велат научниците.
Американските центри за контрола и превенција на болести велат дека „мерките за јавно здравје, како што се физичкото растојание, се неопходни за борба против пандемијата“, но и дека „тие создаваат чувство на изолација и осаменост кај луѓето и можат да предизвикаат стрес и вознемиреност“.
Вакцинацијата може да ги спречи овие штетни последици, вклучително и „недостаток на интимен контакт“, за кој експертот од Сорбона, Луиз Кирш и колегите од Универзитетскиот колеџ во Лондон велат дека е „поврзан со зголемена вознемиреност и поголема осаменост“.
Студијата Кирш, спроведена за време на првото затворање минатата година, укажува на „важната улога на меѓучовечки и особено интимен контакт во стресни времиња“.
–Интимниот, наспроти пријателскиот и професионалниот контакт, беше најмалку одречен во пандемијата, но токму второто се покажа како најважно за психолошкото здравје, се вели во студијата.