Кога патуваме долго, особено на непознати дестинации, човечкиот мозок се активира да собере и организира што е можно повеќе информации од местото.
Затоа и се чувствуваме изморено кога одиме на ново и непознато место.
Ви предлагаме трикови како да избегнете замор при долги патувања на непознати места:
- Не гледајте низ прозор
Ако не сте токму вие возачот и немате обврска да гледате околу и пред себе, искористете ја предноста и гледајте во познати работи.
Најдобро е да водите разговор со некој друг додека патувате, така вашиот поглед ќе се фиксира на познато лице и на разговорот наместо на запознавање на околината.
- Правете чести паузи
Подобро е паузите да бидат кратки ама чести. Застанувајте на секои 20тина километри, напијте се кафе и прошетајте околу.
Важно е да поттикнете циркулација преку активирање на мускулте. Она што ве изморува може да биде болката од предолгото седење.
- Не читајте и не гледајте во телефонот
Гледањето на една мала површина при возење бара многу концентрација.
Постојано го коригирате и насочувате видот иако патот не ви дозволува да се смирите и фокусирате на една површина.
Затоа избегнете да читате книга или гледајте во телефонот и оставете ги очите одморени.