Залудно не се вели „по утрото денот се познава“ бидејќи утринските навики можат значително да влијаат на тоа како ќе се чувствуваме во текот на денот.
Веројатно едно од најлошите чувства е будењето уморно, без никаква енергија за извршување на сите работни задачи што ве чекаат во текот на денот.
Меѓутоа, наместо да го одложите алармот за спиење „само уште пет минути“, или да пиете кафе на празен стомак за брзо да се разбудите, ви предлагаме да го направите токму спротивното.
Токму овие навики прават да се чувствувате уморно во текот на денот.
- Одложување на алармот
Експертите тврдат дека одложувањето на алармот не е добра идеја, бидејќи со притискање на копчето „одложи“, вие се мешате во фазата на РЕМ спиење. Ако постојано ја прекинувате оваа фаза на спиење, ќе се чувствувате исцрпено и ненаспано.
- Лежење во кревет
Оние дополнителни пет минути свиткани во кревет нема да ви ја вратат енергијата. Напротив, докажано е дека будењето во положба на фетусот предизвикува стрес, додека истегнувањето може да го реши.
Ејми Кејди, психолог од Харвард, смета дека треба да се истегнете по целиот кревет веднаш по будењето. На тој начин, ќе ги истегнете сите мускули, а исто така ќе стекнете самодоверба за да го започнете денот, објаснува таа.
- Прво утринско кафе
Иако за многу луѓе кафето е главното средство за будење, пиењето веднаш по будењето може да има спротивен ефект.
Кофеинот го удвојува нивото на стрес хормоните и може да доведе до проблеми со спиењето, а по некое време повторно ќе се чувствувате поспано.
Лекарите веруваат дека најдобро време за шолја кафе е помеѓу 9:30 и 11:30 часот, после појадок, и никогаш на празен стомак.