Вечерва се случи напад во Лондон, а едно лице е уапсено, пренесуваат британските медиуми.
Имено, еден човек е уапсен откако со својот автомобил удрил во полициска станица во северниот дел на градот.
Моментот на апсењето, кога полицијата го фрли мажот и го врза за земја, го забележале очевидци.
Пред тоа, човекот извадил канистер со бензин и започнал да ја полева улицата, а потоа запалил дел од патот.
После тоа бил уапсен од полицијата.