Човечката сексуалност е широк поим и се однесува на манифестирање на сексуалните чувства. Човечката сексуалност е поврзана со биологијата, со психологијата, но и со воспитанието, образованието и низ други фактори.
Човечката сексуалност се разликува од половиот и родовиот идентитет и таа го вклучува односот не само кон сопственото тело, туку и односот кон другите. Затоа може да се рече дека сексуалноста е значајна општествена тема.
Сигурно сте слушнале за термин – сапиосексуалец, пансексуалец, демисексуалец и асексуална личност, но што точно тие значат.
Ви предлагаме терминологија за подобро запознавање со тема сексуалност воопшто:
- Сапиосексуалец
Терминот саписосексуалец има потеклот во старогрчки јазик а терминот сапио значи свест или разум.
Како што самото име ни открива сапиосексуалец е личност која ја привлекува свесност или разумност.
Во некои речници сапиосексуалец се дефинира како личност која ја привлекува интелигенцијата на другиот.
Доживеаната сексуална возбуда се случува на база на проценка на интелигенцијата на објектот на привлекување како негов силен адут и карактеристика.
- Демисексуалец
Терминот демисексуалец се однесува на личност за која сме поврзани душевно и емотивно.
Објект на возбуда за демисексуалецот е близината и емотивната конекција.
Демисексуалецот не може да спие со некој на прв состанок и не може да ужива во сексот се додека не создаде интимна врска и блискост со партнерот!
- Пансексуалец
Терминот пансексуалец е воведен како супститут на бисексуалец, секако со проширено значење.
Пансексуалец е човек кој може да го привлечат не сите полови (бинарно, бисексуално определување), туку сите родови кои ги има повеќе на број.
Терминот пансексуалец има корен во старгрчки јазик, од зборот пан, што значи се или цело.
Во буквален превод пансексуалецот може да биде привлечен буквално од секој објект без разлика на половата и родовата природност.
Пансексуалецот обично има и други критериуми, па често една личност може да е микс од пансексуалец и сапио или демисексуалец.
- Асексуална личност
Во минатото асексуална личност се сметала како личност која има некое пореметување, оштетување или инхибиција.
Асексуалноста во психоанализата се третира како сериозен психолошки проблем.
Како што самото име ни кажува, асексуална личност е онаа која нема објект на привлекување и која не манифестира сексуални чувства кон никој и кон ништо.
Асексуалната личност освен тоа што нема односи, може да има и инхибиција во самозадоволување или мастурбирањето.