Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, им ја пренесе на претставниците на СЗО својата загриженост во врска со варијантата на ковид Б.1.1.529, за која се стравува дека досега е идентификувана најлошата варијанта на ковид.
После тоа, СЗО одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за ФТ. Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“.
На вчерашната прес-конференција Тулио де Оливеира изјави дека новиот сој има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста.
Според последните податоци, оваа варијанта на корона вирусот во Јужна Африка е дијагностицирана на вкупно 77 лица. Исто така, ѝ биле дијагностицирани четири лица во Боцвана и едно во Хонг Конг (лице кое дошло од Јужна Африка).
Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот вид, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста.