Меѓународните експерти ќе одат во Кина, во шестнеделна мисија веднаш по Новата година, вклучително и двонеделен карантин по пристигнување во најнаселената земја во светот.
Кина официјално го објави првиот случај на корона вирусот на 31 декември минатата година и веднаш го затвори пазарот во Вухан, за кој многумина веруваат дека е извор на инфекцијата, потсетува агенцијата.
Министрите за здравство од голем број земји го повикаа СЗО да го идентификува изворот на вирусот и како тој преминува од лилјак на човек. Во моментов, тим од 12 до 15 меѓународни експерти се подготвува да замине во Вухан за да ги испита доказите, вклучувајќи примероци од луѓе и животни собрани од кинески научници, врз основа на кои ќе направат студија.
Теа Фишер, член на тимот на СЗО од Данска, рече дека научниците ќе одат во Кина веднаш по Новата година на шестнеделна мисија, вклучително и двонеделен карантин по пристигнувањето во најнаселената земја во светот.
-Една фаза требаше да биде завршена досега, врз основа на информациите што ги имаме, и треба да видиме некои резултати.
-Ако тоа се случи кога ќе дојдеме во Кина, тоа ќе биде фантастично, бидејќи ќе можеме веднаш да влеземе во втората фаза, рече Данецот за Ројтерс.
Соединетите држави, кои ја обвинија Кина дека го крие извештајот за почетоците на коронавирусот, повикаа на „транспарентност“ во истрагата на СЗО и ја критикуваа Кина што најпрво им дава можност на своите научници да спроведат прелиминарна истрага.
Кинеските државни медиуми тврдеа дека Ковид-19 постоел во странство пред да биде откриен во Вухан, повикувајќи се на присуство на вирус на пакувања замрзната храна, а некои научни списанија тврдат дека Ковид-19 циркулирал во Европа минатата година.