СЗО во понеделникот истакна дека избегнувањето семејни собири ќе биде најбебедно славење на Божиќ.
Експертите инсистираат на тоа дека не постои опција за нула ризик за традиционално весело празнување за време на пандемијата на коронавирус.
Од таа причина луѓето треба да бидат особено внимателни при семејни прослави кои се случуваат во секој дом за време на божиќните празници.
Тоа може да предизвика бран од нови инфекции со корона вирусот и целосно излегување на пандемијата од контрола.
Затоа годинава новогодишните и божиќните празници, се советува да не се прославуваат во круг на пошироко семејство.