По консумирањето, шеќерот се разградува на фруктоза и гликоза, кои се незаменлив извор на енергија. Неопходен е за добро функционирање на мозокот и другите витални органи.
Ако ни недостига гликоза во телото, веднаш се појавува поспаност, замор и раздразливост.
Од друга страна, доколку редовно консумирате големи количини шеќер, ризикувате да заболите од многу видови болести како што се акни, па сè до дијабетес, како и дебелина.
Според статистичките податоци, секој човек троши во просек повеќе од дваесет лажици шеќер дневно, што е повеќе од 400 дополнителни калории.
Поради овие причини, нутриционистите советуваат гликозата да се внесува преку овошје, мед или ореви, но не и од храна што содржи рафиниран бел шеќер.
Ако го исфрлите белиот шеќер две недели, освен што ќе ја регулирате тежината, ќе има уште една промена во телото, која ќе се манифестира преку кожата.
Откако ќе го отстраните шеќерот од вашата исхрана две недели, вашата кожа видливо ќе блеска.
Дерматолозите тврдат дека редовното консумирање на шеќер, кој е отров за кожата, ја зголемува веројатноста за предвремено стареење, брчки и акни.
Причината за ова е што шеќерот го попречува природното производство на колаген, кој делува на нашата кожа да изгледа свежо и еластично.