Некој одамна рекол: „Додека човекот бара мудрост, тој сепак ја заслужува титулата мудрец. Штом се преправа дека ја испил сета мудрост, веднаш станува будала“.
Луѓето не разбираат дека не е паметен секој што многу зборува и не е интелигентен секој што знае многу. Имаме измешано интелигенција со некои површни работи кои немаат врска.
Паметен човек не е оној кој знае се за секого, кој е секогаш во тек со новитети и слично.
Паметен човек не е нужно оној кој има завршено високо училиште. Паметен човек е оној кој знае да се концентрира.
Оној кој знае што е мерка, што е култура и што е чесност.
Паметен човек е оној кој знае како да ја примени својата мудрост во реалниот живот, не само за своја корист, туку и за доброто на сите луѓе.
Паметниот човек не е тој што знае најмногу за животот, светот, планетата… Обично оние што мислат дека знаат најмногу, всушност не знаат ништо и се што велат е само добро подготвен говор за да изгледаат попаметни. Паметниот човек не се расправа со будала.
Затоа што знае дека нема да биде подобар од него ако го направи тоа. Будалата обично трча по неволја или ја создава, паметниот човек бега од неа.
Затоа многумина често ќе го наречат слабак или кукавица. Но, тој е далеку од тоа, неговата интелигенција не му дозволува да страда поради туѓа глупост.