Работното место, со текот на времето, станало плодно тло за такво однесување, со оглед на тоа дека во прашање се: пари, моќ, статус, унапредување, ривалство и интрига кои често доаѓаат во врска со политиките на компаниите.

За да се зачувате себеси од таков вид на манипулација, важно е да ги препознаете гаслајтерите: ако се држите до клиничката дефиниција, овој тип на луѓе има два карактеристични потези – лаже со намера да создаде лажна реалност и социјално ги изолира своите „жртви“.

Гаслајтерот се позиционира и какоо спасител и како поткопувач, создавајќи негативна и застрашувачка атмосфера, ширејќи рачеви и преземајќи заслуги за работата на другите луѓе.

Таквите лица често се љубоморни и огорчени и имаат за цел да ги поткопуваат другите за да ја унапредат својата позиција. Исто така, можете да бидете несвесен пиун во „подметнувањето на нога“ на друг колега.

Гаслајтерот би можел да се обиде да ве убеди дека некој трет колега сака да ви ја „украде“ водечката улога во проектот – со тоа ве охрабрува да му замерите на третиот колега или едноставно да бидете внимателни во врска со споделувањето на важни информации.