Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.0 % и изнесува 4 604 живородени деца.
Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40.2 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7 496 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140.8 % во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 769 бракови.
Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.