Цените на станбениот простор во земјава не запираат со рушењето на рекорди. Цените за метар квадратен во Скопје надминуваат и 1500 евра, во дел од туристичките места низ Македонија исто така цените вртоглаво пораснаа и речиси го достигниваат нивото на главниот град.
Поскапи материјали, зголемени плати на работниците се само дел од причините кои ги наведуваат градежниците за ваквиот тренд. Освен кај новоизградените станови, по нови повисоки цени се продаваат и старите, реновирани станбени единици.
Податоците кои Денар ги доби од Асоцијацијата на градежништво покажува дека за дури 30 отсто се зголемени цените на новоизградцените станови во земјава.
Материјалите за градба се енермно покачени. Да кажеме чената на челикот е 100 отсто зголемена, со оглед на тоа што челикот, особено бетонското железо е најмалку покачено од сите метали. Покачен е и бетонот, во последните месеци има покачувања и на цементот. Бетонот од 50-60 евра набавна цена сега под 75 до 80 не може да се набави, велат за Денар од Асоцијацијата на градежништво.
Ваквата состојба не се разликува ниту во градовите од внатрешноста. По брзиот раст на цените на становите може да се истакнат градовите на охридскиот брег. Струга е градот кој засилено го следи трендот на Охрид каде веќе еден метар квадратен се продава за 1400 евра, во Струга пак цените достигнаа 1300 евра за новоградба.
Интерес во овие две општини имало особено во втората година од пандемијата, велат градежниците. Градежниците велат дека засега не можат да прогнозираат кога ќе заврши овој бран на поскапувања на становите.