Законскиот рок за зголемување на останатите плати согласно минималната плата истекува до крајот на септември, Сојузот на синдикати ја обвинува Владата дека не го почитува законското решение.
Вработените во јавниот сектор, односно во државните институции се поизвесно е дека нема да имаат повисоки плати од октомври. Од синдикатот поднесоа пријава против Владата во Граѓанскиот суд и во исчекување се на првото рочиште.