Обвинителството за организиран криминал, во согласност со овластувањата од Законот за кривична постапка и Законот за организација и надлежности на државните органи во сузбивање на организиран криминал, тероризам и корупција, поведе предистражна постапка во врска со наводите за неовластено прислушување на Српскиот претседател Александар Вучиќ на 15. декември 2020 година, со барање за собирање на потребните информации до Министерството за внатрешни работи на РС.
Ова барање е изменето и дополнето на 14 јануари 2021 година.
Целта на предистражната постапка е да се проверат сите информации и известувања кои се неопходни за разјаснување на сите факти и околности во врска со овој случај, а во насока на откривање на сторителите и кривичните дела во надлежност на Обвинителството за Организиран криминал.
Предистражната постапка е во тек и во интерес на нејзиното непречено однесување, Обвинителството за организиран криминал нема да ги открива деталите за оваа постапка пред јавноста.
Обвинителството за организиран криминал ќе ја информира јавноста за резултатите од предистражната постапка по нејзиното завршување – се додава во соопштението.
На дисковите што му беа предадени на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, снимени се дури 660 минути од неговите незаконски прислушувани разговори, меѓу кои има и оние со неговиот син Данило и неговиот брат Андреј.