Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик и членот на Делегацијата на Комитетот за стабилизација и пристапување кон Европската унија на Европскиот парламент, Матјажо Немец.
– Имав отворен и искрен разговор со Владимир Билчик и Матјаж Немец за сите важни и тешки прашања за кои не секогаш се согласуваме, а пратениците во Европскиот парламент ме информираа за расположението во Брисел кога е во прашање политиката на нашата земја – пишува на официјалниот Инстаграм профил претседател на Србија.
Претседателот Вучиќ ги повтори познатите позиции на Србија во однос на бројните предизвици со кои се соочува не само Србија, туку и целиот регион и ЕУ, како и на глобалната политичка арена.
– Србија останува на европскиот пат, но како независна и суверена земја која сама ги носи одлуките во однос на своите државни и национални интереси – заклучува Вучиќ.