Во оваа болница во Рим наведуваат дека заразениот бил изолиран, а пристигнал од Канарските острови. Покрај тоа, има уште два случаи за кои постои сомневање дека се заразени, но тоа се уште не е потврдено, пренесува Ројтерс.
Мајмунските сипаници се ретка вирусна инфекција слична на човечката сипаница, иако поблага, а првпат беше пријавена во Демократска Република Конго во 1970-тите.
Симптомите вклучуваат треска, главоболка и осип на кожата кој започнува на лицето и се шири на остатокот од телото. Може да се појави и отекување на лимфните јазли. Периодот на инкубација е од 7 до 14 дена или од 5 до 21 ден. По 72 часа од појавата на првите симптоми се појавува осип. Болеста може да трае од 14 до 28 дена.
Се пренесува кога лицето ќе дојде во контакт со заразено лице, животно или преку контаминирани предмети, а вирусот влегува во телото преку рана на кожата, респираторниот тракт или мукозните мембрани.
Големите сипаници не се пренесуваат лесно од човек на човек, а повеќето од заразените закрепнуваат за неколку недели, соопштија шпанските здравствени власти.