Кога Нил Армстронг бил дете, често се играл покрај улицата во своето соседство. Еден ден додека си играл во соседството забележал како неговиот сосед Џон како се додворува на неговата соседка.
При додворувањето Џон и ветувал на соседката дека ќе направи се за неа, дека ќе ја однесе на патување, ќе ја послужува со кафе секое утро и слични други ветувања.
На неговите додворувачки ветувања соседката скромно одговорила „Ти ќе го направиш тоа, кога ова дете (мислејќи на Нил) ќе се качи на Месечината“.
По неколку години од таа сцена, Нил Армстронг навистина се качил на Месечината, првата реченица што ja изговорил при неговото стапнување на површината на Месечината билa „Среќно господине Џон“.