И по укинувањето на обврската на работодавците да им понудат на вработените можност да работат од дома, сепак една четвртина од вработените кај кои е можна оваа форма на работа ја користат оваа можност.
Очигледно, многу компании трајно се адаптираа на пофлексибилни работни модели – изјави Жан-Виктор Алипур од Институтот Ифо во Минхен (Институт за економски истражувања).
Според истражувањето спроведено од Институтот во април, 24,9 отсто од вработените работеле од дома, што е нешто помалку отколку во март кога оваа можност ја искористиле 27,6 отсто.
Обврската на работодавците да им понудат работа од дома на вработените каде тоа е можно, што беше една од мерките против пандемијата со ковид-19, истече на 20 март.
Ифо нагласуваат дека 56 отсто од работните места во Германија дозволуваат работа од дома.