Синдромот на исцрпеност е резултат на се позафатениот живот – ако имате многу обврски, сте хронично под стрес, постојано напнати и имате премногу рокови кои брзате да ги исполните, лесно може да се случи да се „прегорите“.
Овој синдром е синоним за состојба на ментална и физичка исцрпеност предизвикана од професионалниот живот и кариерата. Терминот „синдром на согорување“ беше измислен пред повеќе од 40 години од психологот Херберт Фројденбергер.
Предмет на неговата анализа беше набљудувањето на однесувањето на луѓето кои работат во професии како лекари и медицински сестри бидејќи нивната работа може да биде исклучително тешка и напорна.
Неодамна, Светската здравствена организација го препозна овој синдром, бидејќи денешниот начин на живот е значително постресен од порано.
Очигледно е дека денес покрај лекарите и медицинските сестри, високи стрес и притисок се соочуваат и вработените во различни професии.
Овој синдром е генерално придружен со психофизички симптоми кои се разликуваат од обичната исцрпеност. Едно истражување покажа дека речиси две третини од вработените Американци го доживуваат овој симптом. Меѓу тој број, помладите луѓе го презедоа водството – помеѓу раните дваесетти и доцните триесетти.
Симптомите на овој синдром најпрво се изразуваат во форма на недостаток на ентузијазам и мотивација за работа.
Дополнително, се случува и оние активности кои порано лесно ги извршувавте, сега да ви станат значително потешки. Луѓето кои се соочиле со овој симптом стануваат пораздразливи, уморни, летаргични и често се придружени со чувство на беспомошност. Хроничното незадоволство и исцрпеност може да го загрозат вашето здравје, но и меѓучовечките односи.
Затоа треба да поставите граници, да ги одредите вашите приоритети и да не работите надвор од вашите можности.