Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени според Рихтер вечерва во 23 часот и 8 минути е регистриран во Босна и Херцеговина.
Потресот се почувстувал и во другите делови на Босна, Хрватска, Црна Гора и Србија, но и во Македонија и Албанија.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 42 километри од градот Мостар, односно на 16 километри од градот Столац, на длабочина од 5 километри.
Земјотресот го почувствуваа и граѓаните во Македонија.