Како што расте бројот на нови случаи на корона вирус ширум светот, многу земји сега бараат негативни резултати од тестовите на границата, па многу туристи купуваат лажни тестови за да ги заобиколат овие правила, пишува Вашингтон пост.
Практиката на фалсификување или купување лажни резултати се појави на дестинациите ширум светот, со случаи на изманипулирани резултати во Бразил, Франција и Велика Британија, а ова лето беше случај и во Србија.
Минатата недела француските власти уапсија група фалсификатори кои продаваа лажни негативни резултати на парискиот аеродром Шарл де Гол.
Според Асошиејтед Прес, групата побарала од 180 до 360 долари (150 до 300 евра) за дигитални потврди на негативниот резултат.
Лажните сертификати се чувале на мобилни телефони и имале име на медицинска лабораторија лоцирана во Париз.
Полицијата во Бразил неодамна уапси четворица домашни патници кои фалсификувале тестови за вирусот корона со цел да го посетат островот Фернандо де Норонхаа со приватен авион.
Британскиот печат наведува дека практиката се појавила и во Англија.
„Ланкашир телеграф“ објави дека разговарал со човек штонегативен тест за вирусот корона на неговиот пријател, го испечатил и го користел за меѓународни патувања.
Во Србија, шест лица беа уапсени ова лето под сомнение дека направиле лажни резултати од ПЦР-тестовите за вирусот корона и други документи, кои ги продале за 100 до 800 евра, објави Обвинителството за организиран криминал во Белград.