Пописот е врвен патриотски чин, податоците од него се важни за развојот на државата!
Преку пописот, конечно, по речиси две децении, ќе добиеме точни информации и податоци каде и како правилно да се насочат финансиите и потребните ресурси.
Врз основа на овие податоци ќе се креираат идните мерки за одржлив развој на здравството, образованието, социјалната заштита, животната средина, бизнис секторот, спортот, но и во секој друг сегмент.
Граѓаните немаат причина за вознемиреност, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект.
Секој што и мисли добро на државата и што сака таа да се развива и да оди напред, треба да даде максимален придонес и да учествува во пописот, стои во повикот на СДСМ за масовно попишување на граѓаните.