САД и досега безброј пати го констатирале истото, или нешто слично, за состојбите на (не)почитување на правата на Македонците во Бугарија, а истото тоа го констатирале и други европски и светски организации.
Затоа на основите на вакви процени, збогатени со квантитативни и квалитативни анализи, треба да се постави и понатамошниот процес на преговори со Бугарија.
Бидејќи е недолично држава како Бугарија, со вакви забелешки за дискриминација, да се залага за менување закони и практики во соседна суверена држава, тврдат аналитичарите.