Бруто домашниот производ (БДП) на САД надмина рекордни 33,1 процент во третиот квартал во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за трговија, пренесува Ал Џезеира.
На квартално ниво, најголемата економија во светот порасна за 7,4 проценти, според првите проценки на Министерството за трговија.
Од април до јуни, во периодот кога американската влада им нареди на компаниите да престанат со активностите, а граѓаните да останат дома, БДП потона за рекордни 31,4 проценти на годишно ниво, и на девет проценти во споредба со првиот квартал од оваа година.
Скокот на БДП во периодот од јули до септември се рефлектира во зголемувањето на личните трошоци за услуги, пред се, здравствена заштита, достава на храна и сместување.
Американците трошеле и повеќе на моторни возила и делови, како и на обувки и облека, се вели во извештајот на Министерството за трговија.
Досега се обештетени нешто повеќе од половина од вкупно изгубените 22,2 милиони работни места во пандемијата, и отпуштањата продолжуваат.
Посебен извештај од Министерството за труд покажа дека во текот на минатата недела 751 000 граѓани поднеле барање за исплата на надоместоци за невработеност, 40 000 помалку од една недела порано.
БДП на САД останува значително послаб отколку што беше пред пандемијата, а аналитичарите предупредуваат дека напредокот се забавува бидејќи САД повторно бележат нагло зголемување на бројот на нови инфекции.