Освен што се соочуваме со поскапување на различни производи, на светот сега му се заканува уште еден проблем – недостигот.

Пандемијата на Ковид-19, војната во Украина и голем број други еколошки проблеми се во голема мера одговорни за нарушувања на глобалниот пазар.

Во продолжение прочитајте кои производи потенцијално би можеле да исчезнат од светските полици, пишува EatThis.

Хумус

Љубителите на хумус треба да размислат за залихи. Имено, постои закана од недостиг на наут – главна состојка на хумусот – и може да доживее пад на залихите од дури 20 проценти.

Војната во Украина ги спречи земјоделските култури и извозот од Русија и Украина – две земји кои се значајни производители на наут.

Австралија и Мексико, исто така, се соочија со временски проблеми оваа година, вклучително и поплави, кои негативно се одразија на нивните посеви. Во исто време, побарувачката за леблебија продолжува да расте.

Пченка

По истражувањето на бројни полиња со пченка на Средниот запад како дел од турнејата „Pro Farmer Crop Tour“, извидниците открија дека огромни количини пченка се во помалку од идеална состојба по сезона на наезда од штетници, висока топлина и слаби врнежи.

Неколку американски држави имаат пониски приноси од минатата година. За жал, недостатокот на пченка значи и можен недостиг на многу омилени нуспроизводи – житарки, пуканки…

Производи од домати

Сушата и невидените температури го зголемија товарот на земјоделците кои веќе се соочуваат со инфлација и зголемени трошоци за ѓубрива поради војната во Украина.

Сите овие неповолни временски услови на крајот би можеле да доведат до тоа многу производи од домати да станат помалку достапни. Ова вклучува кечап, сос за тестенини и слично.

Пиво

Јаглерод диоксидот е една од клучните состојки во производството на пиво, а снабдувањето со овој гас е нестабилно со години. Покрај тоа, производителите на пиво дополнително се борат со постојаниот недостиг од алуминиумски лименки.

Замрзната пица

Јаглерод диоксидот е исто така клучна состојка во производството на замрзната храна, вклучувајќи ја и замрзнатата пица.

Маслиново масло

Големите производители на маслиново масло, Шпанија и Италија, се опоравуваат од ужасно тешкото лето. Летните температури урнаа рекорди долж Западна Европа и преовладуваше голема суша.

Аналитичарите проценуваат дека производството на маслиново масло во Шпанија би можело да падне за 25 до 30 отсто во споредба со минатата година.

Чоколадо

Во пресрет на „Ноќта на вештерките“ може да има недостиг од чоколадо. Имено, производителот на бонбони Херши објасни дека поради војната во Украина потешко се добиваат состојки како масло за јадење и какао.

Во исто време, побарувачката порасна неверојатно. Сезонските производи беа запоставени со цел да се пополнат полиците на продавниците и да се задоволат нормалната дневна побарувачка.