Претпладне на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
УВ индексот ќе изнесува 7 мерни едници.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 17, а максималната ќе достигне 31 степен.