Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 април 2022 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот.
Велигден, вториот ден на Велигден – понеделник (25 април) според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информира Министерството за труд и социјална политика.
Од Министерството на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.