Министерот за здравство Беким Сали ги соопшти членовите на Комисијата за заразни болести. Така, покрај претседателот, д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија и д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол, во ова тело ќе членуваат и д-р Кристина Ставридис од Институт за јавно здравје (ИЈЗ), доц. д-р Шабан Мехмети од истата институција, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарска комора и директорка на Клиника за гастроентерохепатологија, проф. д-р Невзат Елези од Медицински факултет при Државен универзитет во Тетово.
Потоа д-р Дугаџин Османи од ИЈЗ, д-р Жарко Караџовски од ИЈЗ, д-р Иринка Сотирова-Бухова од Државен здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), проф. д-р Катерина Ставриќ од Клиника за детски болести Скопје, д-р Милена Стевановик од Инфективна клиника, проф. д-р Звонко Миленковиќ од Инфективна клиника, д-р Фадил Цана од Инфективна клиника, научен соработник д-р Марија Димзова од Инфектина клиника, д-р Илир Демири од Инфективна клиника, д-р Виктор Исијановски од Здравствен дом Скопје. Членови ќе бидат и д-р Лилјана Деспотовска-Ристовска од ДСЗИ, проф. д-р Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија, д-р Арбен Лабуништа од Институт за белодробни заболувања и туберколоза, д-р Марија Дуганова од Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, д-р Сузана Маневска од Министерство за здравство, д-р Јованка Костовска, специјалист епидемиолог. Во комисијата влегуваат и д-р Златко Арсениевски од Центар за јавно здравје-Скопје, д-р Драган Ѓеоргиевски, претставник на Здружение на лекари по општа и семејна медицина, Грета Николовска, преставник на Агенција за храна и ветеринарство и Марија Милкова, Центар за управување со кризи – соопшти Сали.
Комисијата ќе се состанува редовно секој вторник.