Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР-тестови, а доколку граѓанин поради ковид-19 се најде во болница во овие земји, државата ќе го преземе трошокот за лекување.
Ова се предидува со Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 што денеска го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.