Во првите шест месеци од годинава во С. Македонија се затворени 4.856 фирми, а во исто време се регистрирани 3.732 нови, покажуваат податоците од државниот регистар на фирми.
Интерпретациите на бизнис секторот се дека негативните статистички податоци забележани во последните години се главно резултат на светската криза, како најголем негативен фактор на економските движења,анализира „Пословни дневник“
- Најмногу затвораат трговски фирми
Најголем дел од затворените фирми се од трговија, сместувачки капацитети и преработувачка индустрија, но и од градежништво, транспорт и складирање. Во просек, во првата половина од годинава секој ден затворале 27 фирми. Нешто помала е негативната стапка во истиот период лани, кога од Регистарот се избришани 4.997, а впишани се 3.859 новоосновани фирми.
За ублажување на последиците од кризата, државата воведе неколку мерки и стимулации, но бизнисмените велат дека тоа не е доволно.
Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи на Македонија, која е репрезентативна организација од приватниот сектор, вели дека податоците за затворање на околу 5.000 фирми во првата половина од годинава статистички не значат никакво зголемување во однос на 2021 година, но секако дека бројот на затворени фирми е поголем во однос на новоотворените, знак дека економијата не оди добро.
Сè уште присутните последици од корона-кризата, засилени со порастот на цените на енергијата и храната како резултат на војната во Украина и високата инфлација, доведоа до тешки деловни услови. Високите цени на енергенсите внесоа голема неизвесност во бизнисот и проблеми во воспоставувањето нормални цени на производите, рече Димитров.
Гледано по сектори – најзатворени фирми имаа во трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли (1.588), преработувачка индустрија (598), сместување и подготовка на храна (518), градежништво (358), транспорт и складирање (354). Слична била состојбата и во истиот период лани, по сектори.
Постојаниот тренд на поскапување на енергенсите има големо негативно влијание, па некои компании се затвораат бидејќи не можат да го издржат притисокот.