За време на Првата светска војна Германија е ставена под блокада и се соочува со недостиг на суровини, особено шалтира, состојка неопходна за правење на барут и други експлозиви. Најголемите депозити на шалитра се наоѓаат во Чиле и Индија, во Германија нема ниту еден.
Точно е дека е шалитрата може да се замени со амонијак, но неговото производство е скапо. За среќа, еден нивен сограѓанин, евреин по има Фриц Хабер, во 1908 година го открива процесот на производство на амонијак од воздух буквално. Кога започнува војната, Германија го користи откритието на Хабер за да почне индустриско производство на експлозиви користејќи го воздухот како суровина.
Некои научници сметаат дека без откритието на Хабер, Германија ќе беше принудена да се предаде многу порано уште пред ноември 1918 година.
Ова откритие на Хабер „кој во текот на војната бил и пионер во употребата на отровен гас во битките му носи Нобелова награда во 1918 година, за хемија, не за мир“.
Истото негово откритие Германија го користи и во текот на Втората светска војна за да убива Евреи. Евреинот, Фриц Хабер кој го открил процесот на поризводство на амонијак добил Нобелова награда, но неговото откритие се употребувало за убивање на негови блиски луѓе и неговиот народ.