Фотографката, Американка која живее во Јапонија, Колет Инглиш, снима сцени од дивиот свет секој ден. Сцените често се фасцинантни, но таа досега не видела нешто слично на ова.
Во објективот на нејзината камера е пронајдена неверојатна сцена која ги илустрира суровите закони на дивината. Имено, еден елен залутал низ шумите покриени со снег, а на роговите носел глава на друг елен.
Може само да се претпостави како се одвивал страшниот настан.
За време на сезоната на парење, машките елени стануваат исклучително агресивни и гледаат конкуренција во речиси сè.
Овој елен можеби нападнал со своите рогови веќе мртов мажјак чија глава лесно се откачила од телото; или се борел со жив елен, но нивните рогови се заплеткале за време на битката, што е многу вообичаено.
Можно е победничкиот елен извесно време да го влечел противникот со себе, додека главата дефинитивно не му се одвоила од телото.