На денешното обраќање пред Собранието, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски фокусот го стави на борбата против епидемијата и зачувување на здравјето на граѓаните:
–Изминативе години како народ, поминавме низ најголема голгота каква што не памтат ниту нашите најворасни граѓани. Плативне огромна цена, над 2100 наши сограѓани го изгубија својот живот, многу семејства останаа унесреќени засекогаш. Честитајќи ви ги сите престојни празници, сакам, не само како претседател, туку и како еден од вас, да ве замолам, да го прославите дома во кругот на најблиските за да го сочуваме најскапоценото што го имаме – здравјето и животот, рече Пендаровски.