Вануату го пријави првиот случај на корон авирус, откако едно лице кое се врати од Соединетите Држави доби позитивен тест на корона вирус додека беше во карантин.
Таа пацифичка држава беше една од ретките преостанати во кои досега ниту еден жител не бил заразен со вирусот.
Здравствените власти соопштија дека 23-годишниот маж немал никакви симптоми кога пристигнал од Соединетите држави на 4 ноември и дека по пет дена бил рутински тестиран.
Властите соопштија дека ќе ги задржат другите патници од летот што тој пристигнал во карантин и ќе ги следат контактите на заразеното лице, но дека нема потреба да се воведуваат други мерки.