Особено во текот на зимата, кога се сушат алиштата во куќата, многу домаќинки страдаат од појава на мувла и висока влажност. Овие две појави не се добри за здравјето, поради што мора навреме да се санираат.
Некои од домашните растенија можат да бидат многу корисни бидејќи ја апсорбираат влагата и ги апсорбираат токсините.
Многу истражувања покажаа дека во простории со растенија може да има помеѓу 40 и 60 проценти спори на мувла и разни бактерии.
Едно од најефикасните растенија за овој проблем е бршленот, кој не само што е корисен, туку изгледа многу убаво и украсно и што е најважно, лесно се одгледува.
Бршленот ја отстранува мувлата, а исто така ги апсорбира токсините како што се формалдехид и бензен.
Најдобро ќе расте на силна, но индиректна светлина, и сака влага. Сепак, треба да се има предвид дека неговите лисја се отровни за домашните миленици, па затоа се препорачува да се чува на височини до кои кучињата или мачките не можат да стигнат.