Белгија го забележа првиот случај на новиот вид на коронавирус кој се шири во Јужна Африка, изјави белгискиот министер за здравство.
Министерот соопшти дека варијантата Б1.1.529 е откриена кај невакциниран патник кој влегол во Белгија и бил позитивен на 22 ноември, пренесува Де Морген.
Претходните случаи беа ограничени на Јужна Африка, Боцвана и еден случај во Хонгконг, увезен од патник.